Во детската градина Срничка, во населбата Јане Сандански –општина Аеродром, 100 дечиња учествуваа во уште една акција од проектот – ДЕЦАТА СЕ ГРИЖАТ ЗА ИДНИНАТА НА ШУМАТА.

Денес, Претставници на Фондацијата Д-р Михаил Левенски во соработка со ЈП Македонски Шуми, Општина Аеродром, Директорот и тимот педагози на градинката Срничка, во еден од последните сончеви есенски денови, одржаа едукативна акција со садење желади низ која децата учеа за дрвото даб.

deca-suma-griza-bravoo-01

Секое од дечињата засадуваше по еден желад во својата еко саксија, што беше посебен миг за дечињата кои саксиите ги декорираа во текот на претходните денови со радост, креативност и вештина под будното око на учителките. Дечињата дознаа за значењето на дабот за животните, за природата, за човекот, за почесното место на дабовите гранчиња за Бадник, за дабот како симбол на цврстина од времето на Александар Македонски до денес, за убавината на резбите на иконостасите… Во преубаво декорираните покрај желадот дечињата ставаа и по едно знаменце со името на проектот – Децата се грижат за иднината на шумата. Првата акција од овој проект се одржа во детската градинка Кочо Рацин во општина Центар, само четири дена по основањето на Фондацијата Д-р Михаил Левенски.

deca-suma-griza-bravoo-03

Проектот ДЕЦАТА СЕ ГРИЖАТ ЗА ИДНИНАТА НА ШУМАТА, е од едукативен карактер и веруваме дека со него ќе ги инспирираме и мотивираме дечињата, а преку нив и возрасните на жед за повеќе сознанија, грижа и љубов за нашата природа, за нашите шуми. Една од задачите на Фондацијата е да ја поттикне љубовта и грижата за човекот и природата, согласно начелата на Д-р Михаил Левенски. Вистинското место од каде треба да почнеме се токму децата. Човековите фиданки треба да знаат како да се грижат за фиданките на природата, бидејќи опстанокот ни е нераздвоиво поврзан – изјави претседателката на Фондацијата Камелија Левенска.

deca-suma-griza-bravoo-04

И на денешниот настан сите деца учесници добија благодарници од Фондацијата Д-р Михаил Левенски со цитат на стихови од Д-р Михаил Левенски:

Земјата се радува, никливо во неа кога се засадува.

СЛОГАНОТ НА ФОНДАЦИЈАТА ГЛАСИ:

ИНСПИРИРАЈ, МОТИВИРАЈ, СОЗДАВАЈ!

 

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.