Под мотото

“Земјата се радува никливо во неа кога се засадува”( Левенски)

 

Скопје, 06.12. 2012. Во детската градина Росица, во населбата Хром –општина Ѓорче Петров-Скопје, и градинката Синоличка во општина Кисела Вода, 200 дечиња учествуваа во нови две акциии од проектот – ДЕЦАТА СЕ ГРИЖАТ ЗА ИДНИНАТА НА ШУМАТА.

На 05. 12.12  и 06.12.12, Претставници на Фондацијата Д-р Михаил Левенски во соработка со ЈП Македонски Шуми, Општините Ѓорче Петров и КиселаВода од Скопје, Директорките и тимот педагози на градинката Росица и градинката Синоличка –Весели Цветови, одржаа едукативна акција со садење желади низ која децата учеа за дрвото даб. Акцијата се одвиваше во  градинките каде беа поставени сите нагледни материјали  за запознавање со дрвото даб – желади, листови, млади фиданки, примероци од дрво со кора, фотографии на високи дрва. На наративен и за децата разбирлив јазик на децата им се обрати Виолета Чадиковска, а за дабот говореше Ангеле Спировски одговорен за нега на шумите во ЈП Македонски шуми. Дечињата со интерес го следеа предавањето на гостинот на кого му поставуваа бројни прашања и кој ги учеше дека дрво даб се раѓа од мал желад на кој му треба љубов, внимание, сонце и вода за да израсне никулец, а потоа фиданка и да расте како што растат дечињата.

 

Секое од дечињата засадуваше по еден желад во својата еко саксија, што беше посебен миг за дечињата кои саксиите ги декорираа во текот на претходните денови со радост, креативност и вештина под будното око на учителките. Дечињата дознаа за значењето на дабот за животните, за природата, за човекот, за почесното место на дабовите гранчиња за Бадник, за дабот како симбол на цврстина од времето на Александар Македонски до денес, за убавината на резбите на иконостасите… Во преубаво декорираните покрај желадот дечињата ставаа и по едно знаменце со името на проектот – Децата се грижат за иднината на шумата. Првата акција од овој проект се одржа во детската градинка Кочо Рацин во општина Центар, само четири дена по основањето на Фондацијата Д-р Михаил Левенски.

Проектот ДЕЦАТА СЕ ГРИЖАТ ЗА ИДНИНАТА НА ШУМАТА, е од едукативен карактер и веруваме дека со него ќе ги инспирираме и мотивираме дечињата, а преку нив и возрасните на жед за повеќе сознанија, грижа и љубов за нашата природа, за нашите шуми. Една од задачите на  Фондацијата е да ја поттикне љубовта и грижата за човекот и природата, согласно начелата на Д-р Михаил Левенски. Вистинското место од каде треба да почнеме се токму децата. Човековите фиданки треба да знаат како да се грижат за фиданките на природата, бидејќи опстанокот ни е нераздвоиво поврзан – изјави претседателката на Фондацијата Камелија Левенска.

 

И на денешниот настан сите деца учесници добија благодарници од Фондацијата Д-р Михаил Левенски со цитат на стихови од Д-р Михаил Левенски:

Земјата се радува, никливо во неа кога се засадува.

 

 

СЛОГАНОТ НА ФОНДАЦИЈАТА Е:

 

ИНСПИРИРАЈ, МОТИВИРАЈ, СОЗДАВАЈ!

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.