Насловот на овој концерт е “Чувства, ноти и предели” што не е случајно одбран, бидејќи во самото творештво се содржани токму овие 3 сегменти од неговиот личен опус со што самите љубители ќе се најдат за миг на различни места со различни чувства и емоции каде ретко да се доживее таков момент на едно извонредно место. Ова своеводно ретроспективно претставување на бисерите од творештвото на Алачки, до сега изведувани на сите 5 континенти во над 250 градови во 34 земји ширум светот, каде Алачки ја претставуваше Македонија и безвременската убавина на македонската традиционална народна музика, за прв пат ќе бидат обединети на овој хуманитарен концерт.

А концертот е под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија во организација на Фондацијата “Д-р Михаил Левенски”, во рамки на активностите за возобновување на храмот “Свето Вознесение Христово” во село Владимирово. Приходот од концертот ќе биде наменет за возобновување на храмот кој изгоре во огнена стихија на 1-ви ноември, 2014-та година. Ова е уште една можност да уживате во делата на маестро Горан Алачки за кој за самите аранжмани на овие композиции ќе се погрижи композиторот Дамир Имери. Билетите се во продажба по цена од 400 денари, на билетарата на Македонски народен театар.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.