Зачувување и продолжување на ликот и делото на Д-р Михаил Левенски, чие професионално и хумано делување даде свое ехо во општеството.
Неговиот личен пример и придонес е урнек како од сопствените животни начела, широки афинитети и познавања да се вгнезди човекољубието и самопочитта во секој поединец и да се воздигне до највисоки граници на можното.
Области на делување: Фондацијата е посветена на реализација на проекти од различни области со кои ќе се унапреди квалитетот на живеење на посебни категории луѓе гледано од демографски или социолошки аспект. Поддршка за социјален и културен развој, поттикнување на солидарност, толеранција, хуманост, грижа за животната средина и прифаќање на културните различности.