Во ЈОУДГ „ РОСИЦА “Ѓорче Петров во објектот „Калинка“ членовите од фондацијата „ д-р Михаил Левенски “, предводени од г-ѓа Камелија Левенска и стотина деца на возраст од 4 до 6 години, заеднички учествуваа во реализација на проектот „ Децата се грижат за иднината на шумата “.Покровител на проектот е Општината Ѓорче Петров. Најпрво децата ги украсија еколошките саксии, притоа добија пошироки спознанија за дабот, за на крај да стават земја и да засадат по еден желад со задача истиот да го полеваат и негуваат, чекајќи од него да никне дрвце – даб.

 

Самиот проект предвидува одгледување на млади дабови засади во саксии и нивно засадување на во најблиската шума. Тука не завршува работата. Од росица планираат оваа активност да продолжи и на терен, со редовно надгледување на младите засади таму кај што ќе бидат засадени. исто така „сопствениците“ на расадите и по завршување на престојот во градинката и преминување во деветолетка ќе започнатите активности и грижа околу дрвцата. Децата беа пресреќни од можноста да бидат дел од оваа акција која во иднина се планира да прерасне во традиционална. Многу родители зедоа учество на стартот на проектот и најпозитивно ја оценија оваа иницијатива. како знак на благодарност за сегажното учество и идното ангажирање околу садниците на  секое дете му беше доделена благодарница од фондацијата  „ д-р Михаил Левенски “.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.