Како да станам свој

Краток опис

Михаил Левенски е лекар-невропсихијатар. Роден е 1942 во с. Владимирово. Од неговите досегашни јавни настапи по разни поводи ширум нашава земја, преку трибините, радиото, телевизијата и печатот, се докажа како неуморен хуманист и фанатичен поборник на вистината, правдата и човечкото достоинство. Од тие беспоштедни пресметки, освен во професијата, создаде и повеќе литературн дела, радио и ТВ драми и сценарија за филмови. На љубителите на пишаниот збор им ги подари книгите: „Стрниште“, „Магија“, „Досилување“, „Од утробата на гневот“, „Лош препис од оригиналот З“, „Создавање на светот во мене“. Делата „Макадам“ и „Како да станам свој“ го доживеаа своето второ издание. Покрај нив во подготовка се уште неколку негови нови содржини.

Категорија:

Опис

 

„Очигледно е дека Левенски на свој, оригинален начин ги изнесува и своите, но и искуствата на најпознатите светски имиња од областа на психологијата, социологијата, педагогијата, медицината и сето она што го третира човековото поведение, активност, творештво и однесување.

Ракописот е дотолку позначаен, што ваков вид литература, којашто има и цел на – прирачник за едукација на воспитно образовните и наставните кадри од сите степени на образование, е нешто ново кај нас. Нешто повеќе од неопходна, зошто е и единствена од ваков вид на нашево јазично подрачје, па и пошироко.

Ползата на ваквата книга за оние на кои што им е наменета, ќе биде повеќекратна, зашто во неа најконкретно, едноставно и разбирливо се објаснуваат патиштата на секој поединец за тоа, како навистина, најбргу и најлесно може да стане – с в о ј!

Стилот и јазикот се прифатливи за сите возрасти на коишто им се обраќа. Книгата се чита речиси во еден здив. Кажаното, пак, го задржува вниманието на читателот и го тера да ги „испроба“ сите посочени совети…

…Книгата го заслужува вниманието на сите возрасти и читатели, дури и на оние најпребирливите, кои за себе сметаат дека го имаат волшебниот клуч за се.

Таа е од интерес на: учениците и студентите, на нивните наставници и воспитувачи, на родителите и на сите оние кои во својата дејност имаат задача да останат верни пријатели на децата и младите.

(Проф. д-р Никола Петров, од рецензијата за книгата)

 

Во општиот недостиг на педагошка литература, добро е кога еден лекар пишува за млади. Добро е и кога е подготвен да ги поведе зад своето лично искуство и професионално знаење со конкретни совети, кои се мошне императивни и секако е лична определба дали тоа ќе ни се допадне, или не. Да допуштиме емпиријата да се подигне на ниво на религијата и тоа да биде „верувам“ за младите луѓе, а тие се подготвени да прифатат такво водство.

(Проф. д-р Миодраг Мицев – психоаналитичар и проф. д-р Маргарета Наумова – клинички психолог, од рецензијата на книгата)